Шампионот на Фантази во ова коло ги има тројцата што постигнаа хет-трик

Со враќањето на клупскиот фудбал и англиската Премиер лига, продолжија и возбудувањата во Фантази лигата на Спорт Манија во која учествуваат над 650 фантазери. Ова коло беше едно од најефикаснките, па затоа не е ни чудно што имаше повеќе фантазери кои ја надминаа предизвикувачката бројка од 100 поени.

Најдобрите тројца во ова коло во Спорт Манија беа фантазери кои имаа по 111, 109 и 108 поени. Победник во колото е Тони Ефремов, кој со тимот Црвена ѕвезда освои 111 бодови, и тоа благодарение на тројца играчи кои вкупно му донесоа дури 85 поени. Ерлинг Халанд, кој постигна три гола, а имаше и две асистенции, освои 23 поени, а фактот дека е капитен на екипата, Норвежанецот има 46 поени. Во тимот е и Фил Фоден, кој исто така имаше хет-трик и донесе 19 бодови, а најголемото иненадување е Тросар, кој му даде три гола на Ливерпул и играчот на Брајтон вкупно освои 20 поени.

Никола Стојковски со тимот на Шатровача освои 109 поени, а нормално и во неговиот тим Халанд е капитен (46 поени). Во Шатровача главни адути за ова коло беа и Мадисон, кој даде два гола, а имаше и една асистенција за Лестер (18 поени), како и Боувен од Вест хем со гол и асистенција за 14 поени.

Третото место е за Филип Трајаноски со тимот на Текинец, кој освои 108 поени во ова коло. И во составот на Текинец капитен е Халанд, а во средниот ред ги има Медисон и Боувен.

Тројцата најдобри во ова коло треба да пишат во порака на фејсбук-страницата на Спорт Манија за да бидат исконтактирани и да добијат вредносни ваучери од Sport Life. За првопласираниот ваучерот е 300 денари, за вториот е 200, а третиот ќе добие ваучер од 100 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести