Шампионот на Германија првото засилување за следната сезона го пронајде во Каталонија

Алеикс Гарсија од екипата на Жирона е првото засилување за шампионот на Германија, Баер Леверкузен. Јавноста остана изненадена од објавата на Фармацевтите, кои се пофалија со ангажманот на фудбалерот од средниот ред бидејќи интерес за него имаше и од Барселона, па многу пологичен беше тој трансфер.

Гарсија, според „Трансфермаркет“, во моментов вреди 25 милиони евра, но Баер ќе плати само 18 милиони евра за неговиот ангажман. Дваесет и седумгодишниот фудбалер потекнува од академијата на Виљареал, а во својата кариера забележа и два настапи за репрезентацијата на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести