Да сакаа, не можеа вака – Погледнете ги шампионските утки на Дијас и на Јанг (Видео)

Рубен Дијас и Ешли Јанг се натпреваруваа кој ќе промаши појако вчера на дуелите во Лигата на шампионите, а и двете утки на дефанзивците на Манчестер сити и на Интер беа неверојатни.

Стоперот на англискиот тим се чини е во предност. Неговото промашување во второто полувреме на дуелот со Порто се граничи со невозможното. Дијас не погоди од помалку од еден метар од голот на домаќините, а по него со ножички се обиде и Феран Торес, но Марчесин на чудесен начин одбрани.

Manchester City great chance vs Porto from soccer

Сепак, утката на Дијас не е трагична за Манчестер сити, тим кој го освои првото место во групата Ц по ремито без голови со Порто, а и португалскиот тим се пласира во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Слично промашување имаше и Ешли Јанг за Интер на дуелот во Менхенгладбах против Борусија. Бекот на гостите исто така беше сам речиси на гол-линијата, но топката му помина преку нога и не заврши во мрежата на домаќините.

https://twitter.com/MrAli1985/status/1333887809543942147?s=20

Интер ја победи Борусија со 3:2 и ги врати надежите за подвиг и пласман во нокаут-фазата, па и утката на Јанг не ги чинеше скапо Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести