Шампионскиот танц на Бока јуниорс е хит (Видео)

Бока јуниорс е аргентински шампион за сезоната 2019/2020, откако во последното коло победија со 1-0, а досега водечкиот Ривер плејт одигра само 1-1. Славјето на „Бомбоњера“ во Буенос Аирес беше огромно, Тевес и Марадона се бакнуваа во уста, а фудбалерите во соблекувалната знаеја како да се забавуваат.

Но, она што ги прави посебни за разлика од слајвата секаде низ светот, беше танцот кој го смислија неколку играчи. Танцот е хит по социјалните мрежи, а коментарите се дека во соблекувалната на Бока фалеше Пол Погба кој истотака е експерт за вакви „вуду“ танци.

- Оглас -

Најнови вести