„Шарени“ типстерски за денес: Фудбал, кошарка и ракомет на менито

Парма – Лече (20:45ч)

Парма и Лече го затвораат 19-тото коло во Серија А, кое беше доста ефикасно, а главно домашните екипи ги освојуваа трите бода. Така треба да биде и во овој дуел, Парма да ја оправда фаворитската улога иако ќе биде десеткувана и без главните играчи Жервињо и Бруно Алвес.

Двете екипи чекаа шест и пол години за да ги одмерат силите, а последниот нивен дуел кој се одигра во август 2013 година заврши со триумф за Парма од 4-0 во рамките од итлијанскиот Куп. За домаќините ова е шанса да закрепнат по дебаклот против Аталанта, а воедно да ја продолжат низата порази на Лече на четири меча.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.22)

 

Лориен – Каен (20:45ч)

Лориен сигурно чекори кон промоција во француската елита, а со евентуална победа вечерва, ќе го преземе првот на табелата во Лига 2. По пет последователни победи, во претходното коло им заврши таа серија на гостувањето кај Валенсиен, но екипата на Лориен вечерва е голем фаворит против Каен.

Воедно домашниот состав има шанса да оствари двојна победа над Каен бидејќи на стартот од сезоната славеа на гости со 2-1, додека повеќе од 10 години немаат пораз од Каен на домашен терен во лигашки рамки.

Предлог тип: 1-1 (2.70)

 

Мега бемакс – Црвена ѕвезда (17ч)

Актуелниот јадрански првак има шанса што не смее да се пропушти -против најслабиот тим во АБА-лигата да дојде до втора победа во низа и да се врати во битка за позициите кои водат во разигрувањата. Црвено-белите важат за големи фаворити во овој дуел бидејќи не само што се во добра форма откако настана промената на кормилото туку и одржуваат одличен биланс против Мега.

Во сите натпреварувања, Ѕвезда ги доби последните шест средби против Мега и многу лесно ова може да биде седми триумф во низа.

Предлог тип: 2 & >167,5 поени (2.25)

 

Данска – Унгарија (20:30ч)

Aктуелниот светски првак вечерва мора да ја оствари првата победа на ЕП, во спротивно може да ги пакува куферите. Данска во Малме ќе биде апсолутен фаворит против Унгарија, а ако се гледаат последните 10 меѓусебни средби, сосема оправдано Данците ја имаат таа улога. Во тие 10 средби Унгарија еднаш изненади на Светското во 2017 година елиминирајќи ги Данците во осминафиналето, додека пред една година во пријателски меч славеа со +2. Само една средба заврши без победник, останатите во полза на Данска, а може да се очекува ефикасен меч знаејќи го напаѓачкиот квалитет на Хансен и компанија.

Предлог тип: 1 хен на полувреме -3,5 гола (2.05)

 

Холандија – Шпанија (20:30ч)

Европскиот првак ќе има навидум лесна задача против Лалињата да го потврди пласманот во втората фаза. Сепак, Холандија има свои амбиции по триумфот над Летонија и верба дека може да приреди изненадување во групата и да им ги помати сметките на Германците, кои засега се втори во групата Ц.

Ова е трет меѓусебен дуел на овие две селекции, во 2009 година исто така на ЕП, Црвената фурија славеше убедливо во двата наврати. Шпанците одржуваат просек од 33 гола по два меча досега, над 30 треба да одат и вечерва.

Предлог тип: 2 & >56,5 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести