Шарлот постигна 158 поени против Индијана и постави седум рекорди (Видео)

Шарлот хорнетс ја разби одбраната на Индијана пејсерс и славеше победа од 158-126 во меч од НБА-лигата на кој беа поставени седум клупски рекорди. Овие 158 поени се најмногу што ги примила Индијана во клупската историја.

Кели Убре со 29 поени и Ламело Бол со трипл-дабл беа најзаслужни за триумфот. Стршните поставија свои клупски рекорди од 158 поени на еден меч, најмногу поени во едно полувреме (87), најмногу погодени тројки (24), најмногу поени на резервен играч (Убред 39), најмногу тројки на резерва (Убре погоди 10 тројки) и најмногу трипл-дабли на еден играч во иста сезона (за Бол, ова беше четврти таков учинок).

Шарлот во овој меч влезе како втора најефикасна екипа во НБА сезонава, поефикасна од нив беше само Јута џез, но по ова Хорнетс сега го презедоа приматот.

Јута загуби од Феникс во дербито на Западот со 97-105. За Санс, ова е осма победа по ред. Девин Букер со 43 поени и личен рекорд од 12 скока, заедно со Крис Пол кој имаше 21 поен, од кои 15 во последната четвртина, беа најдобри поединци. Џезерите беа ослабени со неиграњето на Донован Мичел и Руди Гобер.

Лука Дончиќ го направи шестиот трипл-дабл сезонава, во победата на Далас над Портланд од 132-112. За Словенецот ова е 42-ри трипл-дабл во НБА-кариерата, со што е клупски рекордер на Маверикс.

Лука имаше 15 асистенции, погледнете ја најатрактивната:

https://twitter.com/i/status/1486561905615454210

- Оглас -

Најнови вести