Шекил: Јокиќ е најдобар центар во лигата, подобар е од Ембид

Шекил О‘Нил се вклучи во дебатата кој е најдобар центар во НБА лигата, и според него, број 1 е Никола Јокиќ, иако годинава за најкорисен играч во лигата беше прогласен Џоел Ембид кој лани и преклани беше втор зад Србинот.

Во плејофот, Ембид потфрли, а Јокиќ го однесе Денвер до големото финале. Легендарниот Шекил кој е еден од најдоминантните центри што некогаш се појавиле, предност му дава на Џокерот од Сомбор.

„Јокиќ е најддобар центар. Тој ја смени кошаркарската игра, покажува како новиот бран на центри треба да играат. Пред пет години, центрите знаеја само да шутираат од близина, а тој има и други квалитети. И во мое време имаше играчи кои добиваа награди за МВП, а не беа подобри од мене. Јас и Коби имаме само по една награда за МВП, но кој може да каже дека тие играчи биле подобри од нас? Факт е дека не беа подобри. Ембид е МВП, но не видовме ништо од него во плејофот. Џокерот прави сè“ – изјави О‘Нил.

- Оглас -

Најнови вести