Шекил О`Нил се прости од Мамбата: Коби ти си МВП и во рајот (Видео)

Шекил О`Нил се прости од својот голем пријател и соиграч Коби Брајант, со кого освојуваа титули во НБА-лигата и тоа три по ред во периодот од 2000 до 2002 година.

„Секогаш се бодревме дека можеме подобро. Му велев нема јас во кошарката, туку има ние, но тој ми возвраќаше со: Има М и Е, к.чкин сине. Прерано те зедоа од нас, но јас ќе го чувам твоето наследство овде. Ти си МВП и во рајот“, беше говорот на Шекил на комеморацијата во чест на Коби во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес.

Пред него говореа и легендарниот Мајкл Џордан и уште многу други познати светски ѕвезди од различни области.

- Оглас -

Најнови вести