Со два „икса“ во ЛШ рапидно расте коефициентот за добивка во Sport Life

6044 Шериф – Плзењ (Квалификации за Лига на шампиони, 19 часот)

Се очекуваше тимот од Тираспол да падне по успешната ланска сезона кога го победија и европскиот првак Реал Мадрид во меч од Лигата на шампионите, но тоа не се случува.

Шериф имаше многу проблеми со воената криза во Украина и многу играчи си заминаа, меѓу нив и македонскиот репрезентативец Бобан Николов заедно со тренерот Вернидуб.

Сепак клубот од областа Транснистрија во Молдавија успеа да направи речиси нов состав со многу нови фудбалери и засега добро турка во квалификациите за ЛШ.

Плзењ исто така игра добро, лесно со 7:1 го елиминира Хелсинки во претходното коло и се очекува неизвесен двомеч со молдавскиот првак што ќе започне денеска во Зимбру.

Предлог тип: Х (2.95)

 

6716 Лудогорец – Динамо З. (Квалификации за Лига на шампиони, 19.45 часот)

И двете екипи имаат одлични успеси во Европа и се меѓу најдобрите балкански екипи во последните десеттина години.

И Лудогорец и Динамо играа во фаза по групи и во Лигата на шампионите и во Европа Лигата, па ова ќе биде еден од дерби дуелите на третата квалификациска фаза.

Динамо во последните 15 сезони, дури 14 пати стасал до фаза по групи во ЛШ, или ЛЕ што е подвиг, а Модрите се надеваат дека бајката ќе продолжи и сега.

Пред точно 10 години Динамо во истата оваа фаза го елиминира Лудогорец во двомеч со вкупен резултат 4:3 и потоа се избори и за настап во Лигата на шампионите.

Бугарите се реваншираа веќе следната година со две победи во групната фаза во Европа Лигата, па некако и билансот им е израмнет.

Забележливо е дека и двете екипи даваат и примаат многу голови во последно време, а и на три од четирите меѓусебни дуели имаше Гол-гол, што е наш избор и сега.

Предлог тип: ГГ (1.91)

 

1601 Монако – ПСВ Ајндховен (Квалификации за Лига на шампиони, 20 часот)

Монако и ПСВ Ајднховен често играат меѓусебе во европските купови, а и лани играа два меча во фазата по групи во Европа Лигата.

Во Ајндхивен победи Монако со 2:1, а во Франција беше 0:0, па клубот од Кнежевството го освои првото место и продолжи понатаму, а ПСВ остана покус за бод во битката со Реал Сосиедад и продолжи во Конференциската лига на УЕФА.

И двете екипи имаат големо реноме во европскиот фудбал и по едно финале во КЕШ, или ЛШ.

ПСВ Ајндховен ја освои титулата европски првак во 1988 година, а Монако не успеа да се искачи на врвот на Европа во 2004 година.

И на двете екипи подобар дел од тимот им е офанзивниот, па типуваме дека ќе има ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.09) Супер тип на Sport Life

 

6718 Унион Ст. Жилоа – Глазгов ренџерс (Квалификации за Лига на шампиони, 20.45 часот)

Белгискиот тим лани не успеа да стане првак на Белгија по пауза од 87 години, иако во регуларниот дел беше лидер.

Во плејофот Бриж ги претрка 11-кратните прваци и ја освои титулата, но на Унион му остана шансата да игра во Лигата на шампионите.

Предизвикот за кралскиот клуб од Белгија е голем и пред себе имаат двомеч со шкотскиот, но и европски рекордер Глазгов ренџерс, клуб кој има 55 домашни титули, што е апсолутен рекорд на Стариот континент.

Белгискиот клуб нема толку искуство како популарните полицајци од Глазгов, но може да им даде гол на Шкотите на свој терен на меч на кој Ренџерс е фаворит.

Предлог тип: Х (3.35)

 

6719 Бенфика – Митјиланд (Квалификации за Лига на шампиони, 21 часот)

Бенфика блескаше во подготвителниот период и нанижа пет победи на исто толку натпревари, а Орлите посебно ги радува и ефикасноста.

Дадоа дури 17 гола, или над 3 во просек по меч, а примија само пет, односно по еден во просек.

Митјиланд е во мала предност, бидејќи веќе е во натпреварувачки ритам и во данското првенство, но и во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во домашното првенство имаат по една победа, реми и пораз по три кола, а со многу среќа и на пенали во претходното квалификациско коло го елиминираа АЕК Ларнака, клуб за кој игра Иван Тричковски.

Ова е прв меѓусебен дуел на двете екипи и типуваме дека Бенфика ќе оди со предност на реваншот во Данска.

Предлог тип: 1 (1.30)

 

- Оглас -

Најнови вести