Шест членови на Шкендија и Ренова се позитивни на коронавирус!

Синдикатот на фудбалери во Македонија, објави дека на тестирањата на играчите од прволигашките клубови, кај шестмина резултатите биле позитивни на КОВИД-19. Сите се од тетовските прволигаши, две лица од Шкендија, а четворица од Ренова.

Дали ова ќе има влијание врз враќањето на првенството, останува да се види.

„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија, имаме позитивни случаи на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибадем Систина, за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Ренова и двајца во таборот на Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата македонска лига“ – објавија од Синдикатот.

- Оглас -

Најнови вести