Шифрин и болна постави рекорд

Микаела Шифрин настапи болна, беше третопласирана по првото возење, но „експлодираше“ во второто, ги разби конкурентките и на крај триумфираше на слаломот на Светското првенство во Оре. За Шифрин која има само 23 години, ова е веќе четврто злато по ред на светските првенства во оваа техничка дисциплина, и таа е првата жена на која ова ѝ пошло од рака. Успехот е поголем бидејќи Шифрин скијала болна.

„Имам мала инфекција во белите дробови. Никогаш не сум имала ваква болест. Тешко ми е да дишам, без да се закашлам. Во второто возење бев одлична, навистина го мачев телото за да успеам, иако во долниот дел загубив здив. Цел ден штедев енергија“ – изјави Шифрин која стана светска првенка и во суперџи, а во велеслалом беше трета.

Среброто ѝ припадна на Швеѓанката Ања Свен Ларсон, додека со бронза се закити Петра В`лхова од Словачка, која беше шампионка во велеслалом.

- Оглас -

Најнови вести