Широк е мундијалскиот фронт за Германците, Ханси Флик објави список дури со 55-мина фудбалери (Фото)

Германците се решени да атакуваат на петтата светска круна за да се израмнат со Бразил на врвот на листата со најтрофејни нации и интересно објавија список дури од 55-мина фудбалери кои се надеваат дека ќе играат на Мундијалот во Катар.

Селекторот Ханси Флик има слатки маки и првичниот поширок список што го објави ќе мора да го скрати дури за 29 имиња, односно да одлучи кои 26-мина играчи со голмани ќе патуваат за Катар.

Мундијалот ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, а Ханси Флик ќе го објави конечниот список до 10 ноември.

Германија е во E групата со Шпанија, Костарика и Јапонија во првата фаза од Светското првенство во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести