Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи ги добиваат своите противници

Денеска во Нион, со почеток во 14.30 часот ќе се изврши извлекувањето на двојките за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а македонскиот шампион Шкендија е носител и ќе игра против една од пет екипи кои не се носители.

Потенцијални ривали на тетовци се Судува од Литванија, Клуж од Романија, Ференцварош од Унгарија, Номе Калју од Естонија и Арарат од Ерменија. Романците и Унгарците се најнепосакувани противници за Шкендија, која е на подготовки во Крањска Гора. Мечевите од првото квалификациско коло се играат 9-10 јули и реваншите 16-17 јули.

Во 15.30 часот е ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Таму три македонски клуба ги чекаат противниците со кои ќе треба да играат на 11 и 18 јули. Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров не се меѓу носителите.

Струмичани може за ривал да го добијат Левски, Фехервар, Зрињски, Шахтјор Солигорск или Нефтчи. „Лавовите“ од Ѓорче ќе треба да си ги одмерат силите со Спартак Трнава, Жалгирис, Фола Еш, Алашкерт или Олимпија Љубљана. Чаирчани ќе налетаат на Хапоел Бер Шева, АЕК Ларнака, Домжале, Пјуник, Сабаил или Будуќност.

- Оглас -

Најнови вести