Македонскиот фудбалски првак Шкендија во второто квалификациско коло во рамките на Лигата на шампиони ќе се ги одмери силите со романскиот тим на ФЦСБ. Првиот меч се игра во вторник во Скопје, додека реваншот е седум дена подоцна во Букурешт.
Според прогнозите, Шкендија е во улога на аутсајдер против романскиот тим, но тетовци сигурно нема предвреме да се предадат. Доколку Шкендија успее да го елиминира романскиот тим, за можни противници во следното трето коло ќе ги има Копенхаген, Црвена Звездаа, Ференцварош, Макаби Тел Авив, Слован Братислава и Карабах.
Ако Шкендија испадне од ФЦСБ, ќе продолжи во третото квалификациско коло од Лига на Европа.