Шкендија во Прилеп ја почнува одбраната на титулата

Попладнево ќе се означи стартот на сезоната 2021/22 во најелитното македонско фудбалско првенство. Со сите шест дуели почнува 30-тото издание на домашниот шампионат во кој тетовска Шкендија ќе ја брани титулата.

За првпат во нашата фудбалска историја, во Првата лига нема да игра најтрофејниот македонски клуб Вардар, па шампионската трка се очекува да биде меѓу Шкендија и Шкупи. Од останатите поранешни шампиони, ги нема Силекс и Победа, кои како Црвено-црните сезонава ќе се натпреваруваат во Втората лига.

Актуелниот шампион својата мисија ќе ја почне во Прилеп, каде што ќе биде вгостен од повратникот во елитата, тимот на Тиквеш. Кавадарчани решија првото коло да го играат во Прилеп.

Sport Life за овој меч нуди квота од 1.88 за евентуален триумф на гостите од Тетово, додека за подвиг на Тиквеш се нуди 3.50 коефициент. И вицешампионот Шкупи тргнува со гостување, но во Штип кај исто така повратникот Брегалница.

Овие два дуели се предвидени да почнат во 17:30 часот, исто како и средбите на Македонија Ѓорче Петров против Пелистер, Работнички протв Борец, односно Ренова против Скопје, додека во вечерниот термин Академија Пандев под рефлектори во Струмица ќе го брани домашниот терен против Струга.

Парови 1. коло ПМФЛ:

17:30 часот

Брегалница – Шкупи

Македонија ЃП – Пелистер

Работнички – Борец

Ренова – Скопје

Тиквеш – Шкендија

20 часот

Академија Пандев – Струга Трим Лум

- Оглас -

Најнови вести