Шкотска провокација за Израел: Истурена „палестинска крв“ пред влезот на стадионот

На влезот на стадионот „Хампден парк“ во Глазгов, навивачите на Селтик истурија црвена боја и на ѕидот напишаа „Палестинска крв“.

На тој начин навивачите на шкотскиот гигант сакаа да го изразат својот револт против Израел, кој вечерва на фудбалски план гостува во Шкотска, во рамките од првото коло од Лигата на нации.

И во минатото навивачите на Селтик знаеле на трибините да истакнат пароли за поддршка на Палестина, а овојпат на трибините нема да има фанови, па тие сепак најдоа начин како да испратат порака која нема многу заедничко со фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести