Шкупи го доби дербито и се зацврсти на првото место на табелата

Шкупи се зацврсти на првото место на табелата во Прва фудбалска лига, откако во дерби дуелот против Ренова, славеше со 2:1, во Чаир. По 11 одиграни меча, Шкупи сега има 26 бодови, додека Ренова остана на второто место со 21 бод.

Во првото полувреме домаќините имаа многу повеќе шанси, но не успеаа да ја затресат мрежата на гостите. Тоа што не успеаа во првите 45 минути, на фудбалерите на Шкупи им успеа по само 10 минути игра во вториот дел. Адетунџи беше прецизен во 55 минута и го најави триумфот на Шкупи.

Во 69 минута веќе беше 2:0 за домаќините и тоа благодарение на погодокот на Алварез. Почесниот погодок за Ренова го постигна Мустафов во 83 минута.

Останатите мечеви од Прва лига се играат утре, а се среќаваат: Борец – Академија Пандев, Пелистер – Брегалница, Шкендија – Работнички и Македонија ЃП – Струга.

- Оглас -

Најнови вести