Шкупи му беше спаринг-партнер на Бешикташ (Видео)

Бешикташ и Шкупи одиграа пријателски меч во Истанбул, а турскиот првак славеше со 3-0, потврдувајќи дека огромна е разликата во квалитет.

Чаирчани се првопласирани во македонската лига и се први фаворити за титулата, додека Бешикташ е шести во турската лига со 10 бода помалку од Трабзонспор. Но, дури и без некои од ѕвездите, како Вида, Пјаниќ, Ларин, Велинтон, Батчуаи, Караман, сепак, истанбулските Црни орли беа пресилни и со половина сили славеа со 3-0.

Стрелци на головите беа Мехмет Топал, Алекс Тешеира и Ѓувен Јалчин. Бешикташ има серија од три порази по ред, два во турската лига и еден во Лигата на шампионите, па овој меч им дојде добро за враќање на самодовербата. За Шкупи, најубавата шанса ја имаше Марјан Радески во последните секунди, но, за жал, не погоди од неколку метри.

Ова е третиот гол за Бешикташ постигнат по големата грешка на Чешмеџиев:

- Оглас -

Најнови вести