Шкупи се засили со поранешен младински репрезентативец на Македонија

Филип Ристовски е едно од првите зимски засилувања за прволигашот Шкупи, екипа која доби одличен десен бек и член на златната генерација младинци која сигна до настап на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Ристовски пристигна на „Чаир“ од редовите на Силекс, а 24-годишниот дефанзивец има играно и за Металург од Скопје и за Борац Бања Лука и Јавор Ивањица.

Претходно за Шкупи потпиша и голманот Енес Азизи, кој во минатото беше дел од јуниорскиот тим на Пари Сен Жермен.

„Доаѓам во клуб со голема традиција и се надевам дека ќе успеам да помогнам да се оствари целта и да играме во Европа. Подготвен сум за новиот предизвик“, изјави Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести