Шкупи во Кратово оди по победа и прво место

Киксот на Струга вчера против Македонија Ѓорче Петров, го донесе актуелниот првак Шкупи во позиција денеска да се искачи на првото место на табелата, и тоа со меч помалку од стружани.

Шкупи гостува кај Силекс, противник со кој есеноска на „Чаир“ одиграа само 0-0. Шкупи е во налет, игра во одлична форма за разлика од кратовци кои пред паузата не се прославија, останува да се види дали екипата на Гоце Седлоски ќе ја оправда фаворитската улога.

Според квотите во Sport Life, најчист фикс треба да биде Шкендија – Победа, каде тетовци се големи фаворити. Многу понеизвесно треба да биде на дуелите Скопје – Тиквеш и Работнички – Брегалница, каде квотите се фантастични.

- Оглас -

Најнови вести