Шок на Џиро, навивачи со моторни пили трчаа покрај лидерот во генералниот пласман (Видео)

Колумбиецот Еган Бернал кој е фаворит за победа на велосипедската трка околу Италија, популарниот Џиро, вчера се најде во многу непријатна ситуација. Додека Бернал се качуваше кон Кортина д‘Ампецо во тешки временски услови, двајца навивачи во негова близина трчаа покрај него со моторни пили во рацете.

Пилата не беше вклучена, навивачите сакаа на чуден начин да му дадат поддршка на Бернал, но ваков пропуст на обезбедувањето не смееше да се случи.

Погледнете ја шокантната снимка:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести