Шок: Порто плаќа 15.000 евра месечно за гатачка која е пријавена како доктор!

Португалската, па и светската фудбалска јавност се во шок, откако беше откриено дека клубот Порто на гатачка и плаќа 15.000 евра месечно. Задача на гатачката било да предвидува резултати.

Гатачката која се вика Мадалена Ароса, била регистрирана во стручниот штаб на Порто како лекар, а фановите се лутат што таа била плаќана толку многу и сметаат дека е непотребно расфрлање со пари, кое беше потврдено и од УЕФА која го казни клубот за прекршување на финансискиот ферплеј.

Наводно и Бенфика го правела истото во 2017 година и помогнало да освои титула, па суеверните челници на Порто решиле да плаќаат жена која нема врска со фудбалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести