Шок во Италија – Јувентус потврди дека Даниеле Ругани е заразен од Коронавирус!

Епидемијата на Коронавирусот во Италија продолжува да коси. Иако е прекинато фудбалското првенство, вечерва во Торино се случи голем хаос откако беше потврдено дека Даниеле Ругани е позитивен на Коронавирусот.

„Јувентус потврдува дека Даниеле Ругани е позитивен на Коронавирусот. Клубот ги презема сите потребни мерки да го стави играчот во изолација како што наложуваат правилата и ќе провери со кои играчи бил во контакт“, стои во соопштението од Јувентус.

Денеска целиот тим на Јувентус беше на тренинг, каде што се најде и Ругани, па сите играчи ќе се најдат во изолација. По овој случај во прашање е дали Јувентус следната недела ќе го игра реванш-мечот против Олимпик Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести