Шок во Каиро, „фараоните“ не стигнаа ни до четврт-финалето (Видео)

Тембинкоси Лорч е фудбалерот кој со својот гол во 85-та минута, ги закопа „фараоните“ од Египет во осминафиналето од Африканскиот куп на нации. Лорч беше стрелец на единствениот гол на средбата во Каиро, со која Јужна Африка славеше со 1-0 и го елиминираше домаќинот, а „Бафана Бафана“ си закажа четврт-финале со Нигерија.

Очекувањата на Египет беа огромни, но Мохамед Салах и другарите разочараа. Публиката во Египет нема лесно да им прости на ривалите, па може да се очекува во следната фаза, Египќаните да навиваат за Нигерија.

Ова е голот со кој Јужноафриканците ги шокираа домаќините:

- Оглас -

Најнови вести