Шок во Солун – Куентрао се премисли, нема да потпише за ПАОК

Фабио Куентрао пристигна во Солун за да потпише договор со грчкиот првак ПАОК, но одеднаш се премисли, па тој најавен трансфер на Португалецот во последен момент пропадна и нема да се реализира.

Според португалските медиуми, некогашниот лев бек на Бенфика, Реал Мадрид, Монако, Спортинг Лисабон и Рио Аве му откажал на ПАОК поради лични семејни причини. Грците шпекулираат дека причината за тоа што не дојде до договор е намерата на ПАОК да го врзе Куентрао на две сезони, а тој инсистирал на едногодишен договор.

ПАОК во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите доби многу силен противиник ланскиот полуфиналист Ајакс, па нашите јужни соседи без Куентрао ќе треба да се борат со холандскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести