Крилниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, беше позитивен на тестирањето за Ковид-19 и според препораките, замина во самоизолација. Мане даде гол во победата над Арсенал во понеделникот, и има мали симптоми на вирус, но генерално добро се чувствува, објавија од Ливерпул.
Мане е вториот играч на Ливерпул по Тијаго Алкантара кој е во изолација и ќе мора да ги следи протоколите. Ова значи дека Мане ќе го пропушти наредните мечеви на Црвените, и нема да биде присутен на дуелот со Астон Вила од Премиерлигата кој се игра викендов. Потоа следува репрезентативна пауза, а нареден меч на Ливерпул е на 17-ти октомври, дербито со Евертон.