Шокантно: Кошаркар на Сан Антонио призна дека бил сексуално злоставуван

Луни Вокер, младиот кошаркар на Сан Антонио спарс, ја шокираше јавноста откако преку социјалните мрежи ја откри вистината за необичната фризура која до скоро ја носеше. Луни го смени изгледот, а причината што ја пуштал косата е поради што чувствувал некаков вид заштита бидејќи како помал бил сексуално злоставуван.

„Вистината околу тоа зошто долго време ја чував оваа фризура е дека на еден начин ми служеше како заштита поради лошите работи кои ми се случија во петто одделение. Нема да ги откријам имињата, но бев сексуално злоставуван, силуван и искористен… Дури се навикнав на тоа бидејќи тогаш не знаев што е правилно. Верував дека мојата коса е она што можам да го контролирам, а фризурата ми даде самодоверба“, стои во дел од објавата на Вокер.

- Оглас -

Најнови вести