Шокантно тврдење: Марадона бил закопан без срцето!

Аргентинскиот весник „Кларин“ објави информација дека Диего Марадона бил погребан без неговото срце. Срцето на Марадона било двојно поголемо од нормалното, па доктори и научници најверојатно во договор со семејството на Диего, се договориле срцето да биде дополнително испитувано, а телото на славниот фудбалер да биде погребано без срцето.

Пет патолози утврдиле дека Марадона починал од срцев удар, поточно „конгестивна и хронична срцева инсуфициенција“, па тој проблем довел до „акутен едем на белите дробови што потоа го предизвикало смртниот исход“.

Засега не се знае што ќе биде со срцето на Марадона, но претпоставка е дека после испитувањата, ќе биде закопано во истото гробно место во кое е телото на легендата на светскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести