Партизан е домаќин на Црвена ѕвезда во првиот меч од полуфиналната серија во плејофот на АБА-лигата. Црно-белите ја имаат предноста на домашниот терен затоа што во регуларниот дел завршија како втори само со три порази, додека нивниот вечен ривал имаше вкупно шест порази.
Фактот дека ќе има многу поголема поддршка од трибините, но и тоа дека победи на четири од последните пет меѓусебни пресметки, Партизан е во улога на фаворит, иако кога се играат овие пресметки, тоа не мора ништо да значи.
Границата за хендикеп е на 4,5 поени, што е само најава дека може да се очекува неизвесно дерби до самиот финиш. Покрај енигмата за тоа кој ќе победи, тука е и одличната понуда за „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да бидат на паркетот. Дури 16-мина кошаркари се во оваа понуда, што значи дека секој експерт за кошарка може да направи одличен тикет.


