6203 Македонија У-21 – Украина У-21 (Квалификации за ЕП, 13 часот)
На Македонија денеска ѝ треба победа против опасните Украинци ако сака да остане конкурентна во трката за едно од двете први места во Х групата.
Во конкуренција на Франција, Украина, Србија, Ерменија и жилавите момчиња од Фарските Острови, тешко ќе биде од оваа група да се бараат двајца директни учесници на ЕП за две години.
Правилата се јасни, победникот во групата оди сигурно на ЕП, со него уште 8 селекции што ќе бидат првопласирани во останатите групи и најдобрата второпласирана репрезентација.
Романија и Грузија, кои се организатори на шампионатот, се пласирани директно.
Останатите 8 второпласирани ќе играат бараж за уште четири места, што е доста тежок систем на натпреварување само со 16 селекции на ЕП.
Украинците имаат одлична селекција и фудбалери што играат во Шахтар, Динамо Киев, Днипро, Зорја и уште неколку топ украински клубови и ќе бидат тежок ривал, но избраниците на Драган Канатларовски немаат избор и мора да одат на победа.
Предлог тип: 1Х&2+ (2.35)
6051 Ерменија – Македонија (Квалификации за СП, 18 часот)
Ова е меч што мора да се добие за да се задржат шансите за настап на Светското првенство во Катар.
Кој ќе загуби, сигурно испаѓа, а и реми веќе не е опција ниту за Македонија, ниту за Ерменците. Дури и со победа на една од двете репрезентации, повторно ќе зависи од резултатите на Романците во битката за второто место.
Но, математиката треба да се остави настрана, на терен да се оди на победа, а Македонија, според обложувалниците, е фаворит.
Ќе ни недостасуваат неколку важни играчи, во Ереван денеска ќе ги немаме во составот Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Адис Јаховиќ и Ердал Ракип.
Хендикепирани ќе бидат и домаќините, и тие ќе играат без свои адути, меѓу кои се: Мкојан, Газарјан, Восканјан, Харојан, Адамјан…
Интересно е што билансот во победи е 4:4, со три нерешени дуели, па време е Македонија во важен момент да поведе со 5:4.
Предлог тип: 2&ГГ (5.45)
6702 Грузија – Шведска (Квалификации за СП, 18 часот)
Швеѓаните само си ја кројат судбината за настап на Мундијалот во Катар. Први се во Б групата и ако денеска ја победат Грузија и во последното коло не загубат од Шпанија на гости, сигурно ќе играат на СП следната година.
За нив има уште неколку добитни варијатни, а Грузијците ќе играат само ревијален меч бидејќи оддамна не се во конкуренција за настап на Мундијалот.
Швеѓаните имаат многу подобра репрезентација, со победа ќе обезбедат сигурен настап во баражите, а и ќе бидат на чекор и до директен пласман, па типуваме дека ќе ја победат отпишаната Грузија.
Предлог тип: 2 (1.45)
6705 Грција – Шпанија (Квалификации за СП, 20.45 часот)
Грците имаат само една победа во 11 меѓусебни дуели со Шпанија и за нив Црвената фурија е многу незгоден противник што ги победи дури 7 пати.
Овој меч се игра на сè или ништо и за двете репрезентации. Грците мора да победат ако сакаат да се надеваат на настап на Мундијалот и секој поинаков исход ги елиминира од трката за пат во Катар.
Шпанците со реми ќе ги исфрлат Грците од игра, но веројатно и себе од трката за директен пласман на Светското првенство бидејќи во таков случај Шведска со победа против Грузија сигурно ќе биде прва во Б групата и ќе патува за Катар.
Шпанија мора да победи, Грција исто така, па типуваме дека традицијата ќе продолжи, но и дека домаќините ќе ја затресат мрежата на Унаи Симон.
Предлог тип: 2&ГГ (4.30)
6725 Романија – Исланд (Квалификации за СП, 20.45 часот)
Романија е најблиску до второто место во Ј групата во конкуренција на Македонија и Ерменија бидејќи има еден бод повеќе од двете селекции и полесен распоред во последните две кола.
Исланд теоретски сè уште има шанси за второто место, но тоа би било светско чудо, а за тоа им требаат победи против Романија и Македонија, реми во Ереван на дуелот меѓу Ерменија и Македонија, потоа и пораз на Романците од Лихтенштајн и на Ерменците од Германија.
Таква варијанта се случува еднаш во векот и е нереална, но реално е да ја затресат мрежата на Романците бидејќи имаат солидна репрезентација.
Ние се надеваме дека мрежата на Флорин Ница ќе се тресе неколкупати, за да имаме шанса со подвиг на Исланд во Букурешт да се избориме за второто место и за дополнителни бараж-мечеви што ќе ни обезбедат прво учество на Светско првенство.
Предлог тип: ГГ (2.00)