Шпанија по 18 години се враќа во Барселона, ќе ја нагости Албанија

Шпанската фудбалска федерација објави дека во март ќе одиграат две пријателски средби на домашен терен. Тоа што е помалку изненадувачки се двата стадиони кои се одбрани да бидат домаќини на Црвената Фурија.

На 26 март, Шпанија ќе ја пречека Албанија на стадионот „Корнења“ во Барселона. Тоа е стадионот на кој игра Еспањол. Репрезентацијата на Шпанија нема играно во Барселона од 2004 година кога беа домаќини на Перу, што значи дека по 18 години пауза, повторно ќе бидат домаќини во каталонската престолнина.

Три дена по тој меч со Албанија, Шпанија ќе игра контролен меч и против Исланд и тоа во Ла Коруња. Во овој град Шпанија не била домаќин дури 13 години, односно од средбата против Белгија во 2009 година, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести