По првите 45 минути, Шпанија ја оправдува фаворитската улога против Австрија и води со 1:0. Погодокот за водство на Црвената фурија го постигна Микел Ојарзабал во 36 минута, по асистенција на Кукурења. Со овој погодок, Ојарзабал само ја потврди одличната форма во која се наоѓа. За него ова беше 16-ти погодок во последните 16 меча за националниот тим.
Шпанија целосно доминираше во првите 45 минути и голманот на Австрија со неколку фантастични одбрани е најзаслужен што разликата не е поголема.

