Шпанките со убедлива победа ќе го почнат настапот на ЕП

7001 Новак Ѓоковиќ – Камерон Нори (14.30 часот)

Србинот и Британецот во четвртфиналето играа по пет сета, направија пресврти за да дојдат до оваа фаза, а попладнево ќе се борат за финале против Ник Кирјос. Нори е 12-ти на АТП-листата, а деветти носител на Вимблдон. Изненадување би било ако Ѓоковиќ загуби повеќе од еден сет. Србинот нема пораз на лондонската трева уште од 2017 година. Ѓоковиќ и Нори меѓу себе играа лани, во ноември, во Торино на тврда подлога, победи фаворитот со убедливи 6-2, 6-1.

Предлог тип: <31.5 (1.80)

 

6730 Шпанија ж. – Финска ж. (18.00 часот)

Црвената фурија и без повредената ѕвезда Алексија Путелјас е една од најсилните женски селекции во Европа и е апсолутен шампион против Финска. Овој меч од Европското првенство се игра во Милтон Кејнс. Финска ги загуби последните два пријателски натпревари пред ова ЕП, и тоа едниот со два, а другиот со четири голови разлика. Шпанија и Финска последен пат играле во 2018 година, Шпанките дома победиле со 5-1, а на гости со 2-0.

Предлог тип: 4+ (1.86)

 

6731 Германија ж. – Данска ж. (21.00 часот)

Оваа средба на стадионот на Брентфорд во Лондон треба да биде поинтересна отколку онаа другата од истата група во која се Шпанија и Финска. Германките се фаворитки, тие имаа одлична генерална проба пред ЕП, на 24 јуни ја разбија Швајцарија со 7-0. Данска е тим кој последните три меча ги заврши со резултат 2-1, а последниот нерешен резултат му беше лани во април. Оттогаш наваму има серија од 15 меча без реми. Данска го доби последниот меѓусебен дуел, но тоа беше во 2017 година.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

1276 Дрогеда – Дандалк (20.45 часот)

Дрогеда има црна серија од четири меча по ред во лигата на Ирска без победа, а на гости им доаѓа второпласираниот Дандалк, кој во последните десет кола има осум победи и две ремија. Дандалк е тим кој загуби само двапати сезонава, на 21 меч има примено само 14 гола, а Дрогеда има просек од еден постигнат гол по натпревар. Традицијата на меѓусебните дуели најавува малку голови и дека ќе има победник.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.45)

 

1277 Шелбурн – Фин Харпс (20.45 часот)

Ова е дуел на два ирски тима кои се во многу лоша форма. Шелбурн освои само еден бод во последните четири кола, додека Фин Харпс освои два бода во последните пет кола. Фин Харпс е тим со најмногу примени голови во лигата, (37 на 21 меч). Шелбурн дома не победил против Фин Харпс уште од 2015 година, но не ни играле премногу. Тешко дека Фин Харпс овојпат ќе слави со 3-0 како на своето последно гостување во Даблин кај Шелбурн.

Предлог тип: & 1-3 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести