Шпанската фурија ја оддува Австрија и сега го чека подобриот од дуелот Португалија – Хрватска

Шпанската фудбалска репрезентација на убедлив начин се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Во првата нокаут фаза, Црвената фурија со 3:0 славеше над Австрија и сега го чека подобриот од дуелот меѓу Португалија и Хрватска.

Во текот на целиот меч Шпанците доминираа на теренот и на крајот повеќе од заслужено стигнаа до лесен триумф. Микел Ојарзабал со погодок во 36 минута донесе радост за 1:0 по првото полувреме, но кое голманот на Австрија спасуваше во неколку ситуации за разликата да не биде поголема.

Spain 1-0 Austria – Mikel Oyarzabal 37′
by
u/977x in
soccer

Шпанците продолжија во ист стил и во вториот дел, а Австриците одолеваа се до 66 минута. Тогаш, по една долга акција, баена нафрли, а Педро Поро со глава погоди за 2:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Точка на мечот стави Ојарзабал со својот втор погодок, а трет за Шпанија, во 89 минута.

- Оглас -

Најнови вести