Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија

Фудбалската федерација на Шпанија реализираше шестгодишна соработка со Саудиска Арабија, за оваа азиска земја да го организира шпанскиот Суперкуп. Иако не сите шпански прволигаши се „ЗА“ оваа одлука, во иднина актуелниот шампион и освојувачот на шпанскиот куп ќе ги одмерат силите на друг континент и тоа во јануари, почнувајќи од Суперкупот 2020.

Според неофицијални податоци, шпанската „куќа на фудбалот“ ќе заработи вкупно 180 милиони евра, односно по 30 милиони евра годишно. Ако е ова точно, тогаш Шпанците оствариле многу подобра зделка од федерацијата на Италија.

Во 2018 година во Саудиска Арбија се одигра италијанскиот Суперкуп во кој учествуваат Јувентус и Милан, а Италија заработи 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести