Засилување за Работнички со шпански шмек – Се врати Дин Аломеровиќ (Фото)

Дин Аломеровиќ се врати во Работнички и по вторпат во кариерата ќе игра за популарните Романтичари. Левиот бек кој има 24 години имаше неколку интересни епизоди во Шпанија, во клубовите од понизок ранг.

Беше член на Фуенлабрада, потоа и на Селта, но играше само за Б тимот, па има настапи и за Саламанка, а во Работнички се врати по настапите за Реал Линенсе.

Аломеровиќ е поранешен младински репрезентативец на Македонија и ќе биде одлично засилување за прволигашот од Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести