Шпанското првенство одложено на неодредено време, во еден ден умреле 462 луѓе во оваа земја

Челниците на шпанската Примера дивисион официјално соопштија дека натпреварите од најсилната лига се одложуваат на неодредено време. Во Примера првично беше донесена одлука за прекин на првенството до 3 април, но сега веќе е јасно дека многу подолго ќе трае принудната пауза поради Коронавирусот.

Во одлуката на првите луѓе на шпанското првенство се вели дека нема конкретен датум до кога ќе трае прекинот на првенството. Продолжување на фудбалските возбудувања ќе има дури откако ќе стивне заразата од Коронавирусот.

Од Шпанија стигнуваат страшни вести дека само во изминативе 24 часа починале дури 462 луѓе, па затоа фудбалот и останатиот спорт е далеку од паметот на сите.

- Оглас -

Најнови вести