Шпанците попуштија, сепак ќе има и знаме и химна на Косово

Фудбалската репрезентација на Косово, сепак ќе смее да ги користи своите државни обележја на гостувањето кај Шпанија во мечот од квалификациите за СП 2022.

Шпанија уште го нема нема признаено Косово како самостојна држава, сепак после реакциите од Косово кои се заканија дека нема да играат ако не им се интонира химната и не се дозволи користење на знамето, бидејќи се членка на ФИФА и УЕФА и бараат ист третман, дошло до промена на ставот.

На стадионот во Севилја на 31 март, селекцијата на Косово ќе добие третман како и секоја друга гостинска репрезентација и нема да биде нарекувана „територија Косово“ како што стоеше на сајтот на шпанската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести