Шпанците се загреаја за СП со лесна победа над Перу

Европскиот шампион Шпанија триумфираше со 3-1 над Перу во натпревар кој одигра во Мексико и последна проверка на формата пред почетокот на Светското првенство.

Црвената фурија тргна фуриозно, поведе веќе во 2-ра минута. Микел Ојарзабал доби додавање од Пау Кубарси, се ослободи и постигна гол со прецизен шут. Така Ојарзабал ја продолжи својата рекордна серија од шест меча по ред за Шпанија на кои дава гол, а 11 средби по ред има или гол или асистенција. Од 25-те голови кои ги има за репрезентацијата, играчот на Реал Сосиедад 19 има дадено откако селектор е Луис Де ла Фуенте. 

Во 32-ра минута Феран Торес го пронајде Педри, а играчот од средниот ред не погреши и погоди за 2-0. Во 53-тата минута, Шпанија стигна до својот трет гол. Педро Галезе си постигна автогол откако се обиде да пресече центаршут. 

Перу постигна утешен гол во 66-тата минута. Хаиро Велез беше стрелец. 

- Оглас -

Најнови вести