Штета што не беше финале, Нигерија и Камерун приредија спектакл (Видео)

Нигерија и Камерун приредија вистинска класика во осмина-финалето на Африканскиот куп на нации, но победник можеше да биде само еден, а тоа беше Нигерија, која триумфираше со 3-2.

„Супер орлите“ поведоа со голот на Игало, но во финишот на првото полувреме, тимот на селекторот Кларенс Седорф набрзина даде два гола. Игало кој е член на кинески Шангај, изедначи на 2-2 во 63-та и го збуни противникот, а фудбалерот на Арсенал, Ивоби го искористи тоа, па во 66-та минута Нигерија поведе со 3-2. Асистент беше разиграниот Игало.

Камерун остана на пет трофеи од Афкон и не успеа да ja одбрани титулата од преклани, и ова првенство го заврши со низа од меча без победа. Нигерија засега има три титули првак на Африка, а во 2013 година последен пат беше првак на црниот континент.

Нигериските фанови со тапани, труби, дури и саксофони, на трибините на стадионот во Александрија постојано правеа убава атмосфера која ги инспирираше фудбалерите во зелени дресови.

Во четврт-финалето во Каиро, Нигеријците ќе играат против Египет или Јужна Африка.

Ова е голот кој ги однесе „супер орлите“ во четврт-финале:

https://twitter.com/i/status/1147558873315909632

- Оглас -

Најнови вести