Што дочека Реал Мадрид: Дома да е аутсајдер против тим кој не стигнал ни до финале на ЛШ

Реал Мадрид вечерва на свој терен игра против Манчестер сити во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, а тоа што е неочекувано е дека Кралскиот клуб ја нема фаворитската улога, иако дуелот се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Низ историјата на елитното натпреварување на УЕФА, Реал Мадрид дури 13 пати се радувал на трофејот наменет за најдобриот тим во Европа. Ниту еден друг клуб нема толку успеси како мадриѓаните, кои секогаш се на листата на фаворити за највисок пласман. Сепак, оваа сезона, според коефициентите, не е така.

Мадридскиот гигант вечерва не е фаворит за победа против Манчестер сити. За победа на Реал, коефициентот во Sport Life е 2.75, односно за 100 вложени денари се добиваат 275. Триумфот на Манчестер сити вреди коефициент 2.55, додека ремито е со коефициент 3,40.

Речиси и да не се памти кога Реал Мадрид на свој терен бил во подредена ситуација, посебно во меч од првата фаза од Лигата на шампионите. Сепак, традицијата и успесите кои ги има Реал Мадрид не се многу важни за денешниот меч. Манчестер сити никогаш не само што не успеал да стигне до титула во Лигата на шампионите, Граѓаните никогаш не ни играле во финале на елитното натпреварување на ЛШ.

Иако Сити никогаш не играл во финале од ЛШ, вечерва е фаворит против Реал, и тоа во Мадрид. За сите навивачи на Реал сигурно ќе биде примамливо да одиграат „кец“, посебно што Реал во досегашните шест меча против овој ривал има само еден пораз, а три победи, додека два меча завршиле нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести