Што дочека Роналдо, Јунајтед би го трампал за Рабио!

Манчестер јунајтед на Јувентус му го понудил Кристијано Роналдо како олеснување на преговорите со Старата дама околу Адриен Рабио.

Црвените ѓаволи сакаат во средниот ред да го доведат Французинот, а на Јуве му понудиле еден вид размена, со која италијанскиот гигант би го вратил во своите редови Кристијано, кој таму играше од 2018 до 2021 година.

Од Јувентус категорично го одбиле предлогот на Јунајтед и агентот Жорж Мендеш.

Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед, со кого има договор уште една година, и да оди во клуб кој учествува во Лигата на шампионите. Но, проблем е огромната плата на Португалецот, како и неговите 37 години.

Ако не се случи нешто непредвидено, Роналдо најверојатно ќе мора да остане во Манчестер и оваа сезона, а Португалецот беше и еден од играчите кои го рекламираа третиот дрес, кој ќе се користи на некое од гостувањата.

- Оглас -

Најнови вести