Што е заедничко меѓу вечерашниот спектакл и истанбулското чудо за Ливерпул?

Ливерпул е во центарот на фудбалскиот свет. Англискиот гигант направи пресврт каков што ретко кога се случил во Лигата на шампионите. На „Енфилд роуд“ со 4-0 ја победија Барселона и се пласира во финалето од елитната лига на УЕФА, иако по првиот меч беше во негатива од три погодоци.

Овој меч против Барселона кај многумина навивачи на Ливерпул ги врати спомените од финалето во ЛШ во 2005 година против Милан. Што е толку слично меѓу тој меч и овој. Во финалето на ЛШ пред 14 години, Ливерпул на полувремето губеше со 0-3, а и сега против Барселона, на половина од двомечот го имаше истиот заостаток.

Во финалето кое се играше во Истанбул, Ливерпул успеа во вториот дел да даде три гола и да стигне до продолжувања, а потоа и на пенали да се радува на трофејот. Првите два гола кои Ливерпул тогаш ги даде како најава за пресвртот беа постигнати во 54-тата и 56-тата минута, кога погодија Стивен Џерард и Владимир Шмицер, па Ливерпул дојде само на еден гол од негативата на Милан.

Вечерва, во 54-тата и 56-тата минута Ливерпул повторно ја тресеше мрежата на противникот. Вајналдум даде два гола за тој краток период, кој се погоди да е до минута ист со чудото од Истанбул. Со двата гола на Вајналдум, Ливерпул стигна само на еден гол од пласман во финалето, а тоа се случи кога пред крајот погоди Ориги за 4-0.

 

- Оглас -

Најнови вести