Што сѐ украла албанската мафија од играчите на Реал и Атлетико во Мадрид (Видео)

Тројца Албанци и еден Шпанец се уапсени како главни осомничени дека ги вршеле тешките кражби во домовите на играчите на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид. Европската полиција (Европол) објави снимка од апсењето на албанската банда која „оперирала“ во Шпанија.

Оваа банда стана ноќна мора на фудбалерите на двата најдобри клуба од главниот град на Шпанија. Крадците имаа влезено во домовите на Иско, Касемиро, но и на тренерот на Реал, Зинедин Зидан, како и на неколку играчи на Атлетико. Грабежите најчесто биле додека траел натпреварот, па крадците биле сигурни нема во домовите нема никој.

Уапсените се товарат за повеќе од 20 тешки кражби, а шпанските власти успеаа да запленат голем дел од накитот, луксузни автомобили, илјадници евра, други вредни предмети како и медал од Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести