Што се случува со косата на Дејвид Бекам?

Дејвид Бекам додека беше активен фудбалер, важеше за најголема ѕвезда, популарноста не беше само поради игрите на фудбалските терени, туку и поради изгледот и тоа што го сметаа за модна икона. Сега 45-годишниот Бекам е сопственик на клубот Интер Мајами, кој се натпреварува во американската МЛС лига, но вчера беше фотографиран пред еден локал во Барфорд и се гледа дека косата на која беше многу горд и со која често експериментираше, значително му се изретчила.

Според англиските медиуми, Бекам за спас на косата потрошил цело богатство, но и шпекулацијата за пресадување коса кое наводно го направил во 2018 година не го дава посакуваниот резултат на среден и долг рок. Во последните недели Бекам се појавуваше во јавност и се сликаше само со капа на главата.

Затоа, оваа најнова фотографија е големо изненадување.

Еве како изгледаше Бекам лани во јули, за време на тенискиот гренд-слем Вимблдон. Разликата е огромна.

Бекам во 2012 година изјави дека ако некогаш му падне косата и оќелави, тогаш ќе ја бричи главата.

- Оглас -

Најнови вести