Што велат квотите во Sport Life, на кој тим какви шанси му се даваат за титула во ЛШ?

Денешната хаотична ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите шокантно делуваше и за букмејкерите, па во рок од два часа мораа да се менуваат квотите за тоа кој ќе биде европски првак.

Сега веќе е јасно кој против кого ќе се бори за место во четвртфиналето, па и Sport Life ги одреди квотите.

Фаворит да стане европски првак во моментов е Манчестер сити, кој во осминафиналето ќе игра со Спортинг Лисабон.

Потоа следуваат Баерн и Ливерпул со квоти 5.00, Челзи со 7.00 и ПСЖ со 8.50. Парижаните имаат пеколно осминафинале против Реал Мадрид. Квотата за 14-та континентална титула на Кралскиот клуб од Мадрид е 14.

Што се однесува до Лигата на Европа, таму според квотите, главен кандидат за трофејот е Борусија Дортмунд. Добри шанси им се даваат и на Севилја, Барселона и Аталанта, клубови кои исто како и Борусија, во ЛЕ влегоа откако испаднаа од ЛШ.

Најголем аутсајдер е загрепскиот Динамо, кој треба да игра 16-финале против Севилја. Квотата за Динамо е дури 150.

- Оглас -

Најнови вести