Што зборуваше Мурињо за Тотенхем во 2015 година?

Жозе Мурињо утрово беше назначен за нов тренер на Тотенхем. Португалецот дојде во лондонскиот тим на местото на Маурисио Покетино, кој синоќа доби отказ поради слабите резултати.

За Мурињо, Тотенхем ќе биде трет премиерлигашки предизвик, откако претходно ги водеше Челзи и Манчестер јунајтед, а во кариерата бил предводник и на: Бенфика, Леирија, Порто, Интер и Реал Мадрид. Интересно е што англиските медиуми најдоа изјава на Мурињо од пред четири години во која вели дека нема шанси некогаш да биде на чело на Тотенхем.

„Никогаш не би го предводел Тотенхем бидејќи сум премногу емотивно поврзан со Челзи и неговите навивачи“, изјавил Мурињо кога Тотенхем сакаше да го доведе Португалецот. Меѓу Челзи и Тотенхем владее големо ривалство, а сега ќе видиме како навивачите на Челзи ќе ја прифатат оваа одлука на Мурињо да биде на чело на големиот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести