Штрковите конечно донесоа АБА победа за МЗТ Скопје, тројката на Кефи му даде живот на македонскиот тим (Видео)

МЗТ Скопје ја забележа првата победа во кам-бекот во АБА лигата и во четвртото коло го победи Дерби Студентски центар со 92:79.

Во првото полувреме беше израмнето, а тројката на Мајк Кефи со звукот на сирената му донесе предност на македонскиот тим од 47:46.

Американецот во уметнички стил на време ја ифрли топката и ја крена публиката на нозе, а и го живна и остатокот од тимот.

МЗТ Скопје го скрши отпорот на гостинот со серија од 13:2 на почетокот на второто полувреме и Штрковите веќе имаа предност од 60:48.

Во продолжението домаќините само ја одржуваа и зголемуваа разликта за сефте триумф во Регионалната лига.

Кефи со 22 поени беше најефикасен на мечот, а кај МЗТ Скопје веднаш зад него со 14 поени е Дамјан Стојановски и Мичовиќ и Јигитоглу со по 13 поени.

Џексон беше стрелец број 1 кај гостите со 17 поени, а Тасиќ постигна два помалку.

Во следното коло МЗТ Скопје на 29. октомври ќе и гостува на Цедевита Олимпија.

 

- Оглас -

Најнови вести