Шугар ја продава вилата за солена цена

Боксерската легенда Шугар Реј Леонард го стави на продажба својот луксузен дом. Оваа вила во Лос Анџелес се продава за цена од 46 милиони евра.

Леонард на потенцијалните купувачи им нуди прекрасен поглед кон океан, зеленило, а во внатрешноста на вилата, па и околу неа, нема што нема: базен, тениски терен, седум спални соби, фитнес сала, солариум, конференциска сала, камени подлоги донесени од Израел, итн.

Оваа вила, која се простира на 1 551 квадратен метар, изградена е пред 22 години.

„Овој дом беше наша оаза на мирот и спокојот. Се надевам дека и идните сопственици ќе го ценат и се грижат за него како ние што се грижевме“, рече Бернадет Леонард, сопругата на поранешниот боксерот.

Шугар Реј Леонард сега има 63 години, а тој освои пет титули во пет различни категории и победи на 36 од 40-те борби во кариерата. Тој е првиот боксер во историјата кој заработил повеќе од 100 милиони долари. Во 80-тите години беше прогласен за боксер на деценијата по Алиевската ера.

- Оглас -

Најнови вести