Швајцарија без многу мака го елиминираше Алжир и сега чека нов ривал кој не е од Европа (Видео)

Селекцијата на Швајцарија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако без многу проблеми со 2:0 го победи Алжир. Уште во 10-тата минута Швајцарија стигна до водство благодарение на погодокот на Емболо во 10-тата минута и тој гол може да го видите ТУКА.

Статистички, Алжир имаше поголем посед на топка, но Швајцарците беа многу поконкретни. Европската селекција создаде повеќе шанси, додека Алжир упати само два шута кои одеа во рамките на голот на противникот и едноставно не можеше да парира.

Сите дилеми околу победникот беа решени на почетокот од второто полувреме. Буквално во првиот напад, односно по само 46 секунди игра во вториот дел, Дан Ндоје погоди за 2:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Швајцарија сега го чека следниот противник, а тоа ќе биде подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана.

- Оглас -

Најнови вести